Мислам дека треба четирите општини од северниот дел на Косово да се реинтегрираат во територијалниот состав на Србија, да се обезбеди највисок меѓународен стандард на заштита на српскиот народ на Косово, и да се заштити црковниот имот, а за него да се побара некој вид на екстериторијалност, изјави претседателот на Република Српска, Милорад Додик.
Тој нагласи дека во Србија таа поларизација околу Косово секогаш се сведува на тоа дали да се даде или не.
– Србите мора да концептираат еден свој план, кој ќе подразбира и краткорочни и долгорочни цели на нашиот народ. За почеток тоа би било реинтегрирање на тие четири општини во северниот дел на Косово – истакна претседателот на РС.
Коментирајќи го проблемот и решението на косовскиот проблем дека е повторно во фокус, Додик изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ успеал да го врати Косово како тема, бидејќи таа била изгубена, а луѓето биле незаинтересирани за неа.
– Сега дојдовме во позиција дека можеби можеме да направиме нешто. Среќен сплет на околности е и движењето на политичките процеси во ЕУ и Америка. Исчезнаа елитите кои обележаа некое претходно време, и она што е најважно дека во САД веќе не е истата Клинтонова елита – потенцира Додик.