Турската полиција уапси најмалку 33 странски државјани, осомничени дека се поврзани со Исламска држава.
Тие беа уапсени во Анкара во заедничка операција од страна на антитерористичката полиција и националната разузнавачка агенција, пренесува АП.
Во исто време полицијата во раните утрински часови изврши рација во Батман во југоисточна Турција, при што уапси 22 осомничени лица, а рации се одвиваа и во Адана и Кајзера, при што беа уапсени 15 лица, од кои шестмина се странски државјани.
Турските медиуми објавија дека уапсените во Анкара по потекло се од Ирак, Сирија и Мароко и трагаат по уште 17 лица.
Серија напади беа извршени во Турција во 2015 и 2016 година, во кои загинаа повеќе од 300 луѓе и за кои беа обвинети ИД и курдските екстремисти.