Уште два авиона со Авганистанци слетаа во Албанија, со што вкупниот број на евакуирани лица во Албанија се искачи на 457.
Албанското министерство за надворешни работи соопшти дека двата авиони слетале утрово, едниот со 154, а другиот со 28 Авганистанци. Повеќето ќе добијат привремено сместување во студентски кампус во близина на главниот град Тирана, додека другите ќе бидат испратени директно во хотели.
Властите соопштија дека Албанија има намера да обезбеди засолниште за сите евакуирани во хотели, наместо во кампови, за да добијат чувство за нормален живот.
Албанија е меѓу првите земји што им понуди сместување на Авганистанците кои соработуваа со силите на САД и НАТО и други кои се плашат од одмазда по преземањето на власта од страна на Талибанците.
Авганистанците во Албанија потекнуваат од различни индустрии, вклучувајќи активисти и универзитетски персонал како и деца.