Амбасадата на САД вчера го осуди учеството на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ, во интернет предизвик, според кој, на банкнота од 100 долари на кирилица е напишана пораката „Косово е Србија“, а на која тој се потпишал.
Дачиќ изјави за „Спутник“
дека со пораката „Косово е Србија“ не ја уништил банкнотата од 100 долари и не го навредил Бенџамин Френклин, туку постапил целосно во согласност со суштинската идеја на тој голем американски научник и државник.– Наместо да уништува банкнота со ликот на големиот американски научник и државник Бенџамин Френклин, министерот Дачиќ би можел да размисли за неговата изјава: „Биди во војна со своите пороци, во мир со своите соседи – навела американската амбасада.
Дачиќ рекол дека Србија секогаш ќе се бори против секоја лажна нарко држава и секогаш ќе тежнее кон мир со своите соседи. Србија никогаш нема да ја третира својата земја како соседна, а тоа нема да го прави ни Америка. Како што не би правел ни Бенџамин Френклин.
– Она што го сторив е почит кон универзалниот принцип на сите признати држави, па и САД и Србија –
нагласил Дачиќ.