Грција ги суспендираше новите барања за азил во следниот месец, наведувајќи дека веднаш ќе ги врати сите што илегално влегуваат во земјата, а откако Турција ги отвори границите за мигрантите кои сакаат да влезат во Европската унија, пренесува „Би-Би-Си“.
Грчките власти велат дека спречиле близу 10.000 мигранти да ја преминат границата со Турција.
Грчкиот премиер Кирјакос Микотакис рече дека Грција го зголемила нивото на одвраќање на границите до максимум. Грција соопшти дека се соочува со сериозна закана од илјадници мигранти на нејзините граници бидејќи Турција им дозволува да се движат.
– Во овие услови, сегашната состојба е активна и претставува сериозна закана за националната безбедност на Грција – рече портпаролот на грчката влада, Стелиос Пекас.
Според него, Турција го охрабрува ваквото движење на мигрантите, пренесува „Ројтерс“.
Бидејќи Анкара објави дека повеќе нема да го спречува движењето на мигрантите во ЕУ, голем број луѓе се собраа на границата со Грција, каде дојде до инциденти кога грчката полиција употреби солзавец против мигрантите.
Синоќа грчката влада објави дека биле спречени 9.972 лица да влезат од Турција и дека се уапсени 73 лица.