Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека Белград ќе ги продолжи разговорите со Приштина, но дека најверојатно нема да биде постигнат договор.
– Важни се разговорите па дури и ако не постигнеме договор, што е најверојатно, затоа што некој после нас ќе мора да го постигне, бидејќи без долгорочно градење мир нема да бидеме во ситуација да продолжиме со вака успешни економски резултати, рече Вучиќ.
Тој изјави дека мора да се грижи за децата, а не за тоа „како да се додвориме на оние кои сакаат лесни решенија од кои главно не боли глава“.
– Тоа е кога рак лекувате со аспирин, коментираше Вучиќ.
Тој уште оцени дека денес во регионот многумина не сакаат стабилност и мир туку продолжување на перманентниот судир меѓу Србите и Албанците.