Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска на состанокот во Берлин, на претставничката за надворешна политика и бeзбедност на ЕУ, Федерика Могерини, и го пренел ставот дека Србија е подготвена уште утре да го продолжи дијалогот, доколку Приштина ги укине таксите за српски производи.
– Дали ова ќе се случи, тоа не е во наши раце – изјави Вучиќ за новинарите во Берлин, а пренесе „Танјуг“.
Тој на средбата со Могерини рекол дека станува збор за европски вредности, односно дека таксите се неодржливи.
Вучиќ во изјавата додаде дека Србија е посветена на својот европски пат и ќе продолжи да работи на тоа.
Тој најави дека подоцна ќе зборува и за очекувањата од попладневниот самит за Западен Берлин, но дека нема да направи циркус и на тој начин да им излезе во пресрет на оние кои, како што кажа, бараат сензација и ексклузивитет.
– Ние не сакаме конфликти, туку зачувување на мирот и стабилноста – порача српскиот претседател, додавајќи дека неговите очекувања не се преголеми, иако, како што рече, може и да го изненадaт.
Разговорот меѓу Могерини и Вучиќ траел подолго од планираното, пренесе „Танјуг“.