Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска присуствуваше на конференцијата за метан во рамки на климатските преговори COP26 во Глазгов.
– Доколку човештвото ја загуби битката за животната средина, ништо нема да им остане на нашите деца. За Србија е привилегија да биде на важната средба COP26 во Глазгов, каде што се разговара за најважната тема на денешницата, за идните генерации да не ги повторуваат истите грешки на планетата, каде што животот е единствено можен – порача Вучиќ.