Грчката полиција заплени 324 килограми кокаин и уапси три лица осомничени дека планирале да ја мешаат дрога со други супстанци и да ја продаваат.
Се проценува дека оваа количина на дрога на улиците би достигнала вредност од околу 100 милиони евра.
Хрватски државјанин (37), Албанец (36) и Грк (35) роден во Албанија биле уапсени во врска со случајот на плоштад во Солун.
Комбето во кое се наоѓала дрогата било запленето, а претрес бил извршен и во стан изнајмен од Хрватот.
Осомничените утре треба да се појават пред истражен судија.