Порасна бројот на заразени со коронавирус во Словенија со два нови случаи, со што вкупната бројка на заболени е 25 лица, потврди министерот за здравство Алеш Шабедар.
Според словенечката новинска агенција СТА, неофицијално еден од водечките луѓе на Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Љубљана е меѓу двајцата новозаразени.
Повеќето случаи на секундарна инфекција, односно пренесување на инфекција од лица кои биле во странство, има на југозападниот дел на Словенија.
Директорот на болницата во Ново Место вели дека во понеделникот извршиле околу 50 тестови на коронавирус.