„Нова градба во пријатна населба. Врвен дизајн, елегантни и функционални апартмани. Близу до морето. Сите птици се добредојдени, без оглед на видовите и брачниот статус“. Вака би изгледал огласот за купување стан во „облакодерот за птици“ во Риека, Хрватска.
Станува збор за 11-метарска скулптура од дрво и метал, која може да биде дом за 160 птици, а моментно се поставува во комплексот на Центарот за култура „Јога во секојдневниот живот“ и хотелот Дарма во Риека.
Иако облакодерот навистина ќе им служи само на птиците, тој е уметничка интервенција на белградскиот уметник Владимир Периќ Талент, како дел од циклусот уметнички интервенции во јавнот простор, како дел од програмата „Европска престолнина на културата“. Отворањето и јавната презентација на „облакодерот за птици“ ќе биде деенска напладне во Риека.