Францускиот претседател ме увери дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани, напиша бугарскиот премиер Бојко Борисов на Фејсбук, во врска со веста дека францускиот шеф на државата, Емануел Макрон, претпочита легални африкански мигранти повеќе од илегални бугарски или украински работници.
– Францускиот претседател Емануел Макрон ме контактираше за да ме увери дека информациите од интервјуто не соодветствуваат со вистината. Тој ме увери дека никогаш не ги критикувал бугарските граѓани, работниците или институциите. Претседателот Макрон ја потврди поддршката за Бугарија. Како премиер на Бугарија, нема да дозволам никој да го навреди нашиот народ и се надевам дека во иднина нема да дојде до вакви ситуации – пишува Борисов.
Макрон вчера му се јавил на Борисов и го уверил дека станува збор за недоразбирање, а Борисов го прифатил објаснувањето.
Френският президент Emmanuel Macron се свърза с мен, за да ме увери, че изтеклата информация за изречени от него думи в…
Posted by Boyko Borissov on Сабота, 02 ноември 2019