Сто дена успех и инает
– Имаа замисла да сменат еден премиер и една влада, која според секој параметар се покажа успешна, вклучувајќи го и раководењето со пандемијата на коронавирусот. Зошто толкав инает? Зошто такво брзање да се преземе местото на премиер – изјави Албин Курти, вршител на должноста премиер на Косово, за неговите сто дена од водењето на извршната власт, кое, како што вели, било успешно.
Курти нагласува дека изминатите сто дена биле период на ослободување на државата од оние што злоупотребуваа и тоа нема да биде прекинато. Владата на Курти беше сменета откако тој му се спротивстави на предлогот на Вашингтон за еднократно укинување на високите царини за увоз на српските производи.