Србија

Можноста за прогласување полициски час од четврток во 18 часот до пет часот в понеделник, во Србија го раздвижи пазарот на недвижности со зголемената побарувачка за изнајмување куќи, викендички и други индивидуални објекти за одмор во селските населби и места. Последните денови бројот на граѓаните што живеат од Белград, Нови Сад и други поголеми градови, а кои сакаат да го поминат продолжениот првомајски викенд во природа е сѐ поголем. Побарувачката за изнајмување викендички и куќи драстично скокна, а претстојниот викенд се очекува кулминација на бегството од градовите, пишува српски „Блиц“.

Се очекува првомајскиот карван од големите урбани центри кон руралните средини да тргне денеска. Најспоменувани дестинации се Бездан и Богојева на Дунав или викенд-населбите на Тиса и Тамиш. Цената за изнајмување на викендичките за еден ден се движат од 30 до 50 евра, а во нив може комотно да се смести едно четиричлено сменетово. На Фрушка Гора, Космај или Дивчибара не може да се најде сместување, а најниската дневна цена за изнајмување изнесува 50 евра. Во овие места може да се изнајмат куќи со широки дворови и базени и разни дополнителни содржини.

За вакви хациенди наемнината износува од 100 до 300 евра на ден. Слична е состојбата во традиционалните туристички дестинации како што се Златибор, Копаоник или Златара.
– Годинава има многу новосаѓани и белграѓани што бараат сместување. Сѐ е пополнето и нема место за време на викендите. Сите викендички во оваа населба се изнајмени за празниците по цена од 20, 30 или 40 евра на ден – изјави Јелена од викенд-населбата Бездан.

Од агенциите за недвижности велат дека за време на карантинот поради епидемијата со коронавирусот, цените за изнајмување на викендичките на Фрушка Гора и на Космај пораснале од 50 до 80 отсто. Некои од викендичките на овие места се продаваат, но никој не сака да ги продаде за цена од 10.000 евра, колку што е реалната вредност. Поголема побарувачка за изнајмување викендички имало и за Велигден. Некои од лицата што живеат во градовите останале цело време додека трае епидемијата, поради нивната работа, која може да ја извршуваат и од дома.