Албанскиот парламент изгласа формирање на специјална комисија која треба да го истражува и евентуално отповика претседателот во земјата, Илир Мета поради неговиот неуспешен обид да ги откаже локалните избори.
Пратениците на владејачкиките социјалисти наведоа дека одлуката на Мета била противуставна. Како причина за откажувањето на локланите избори, одржани на 30 јуни, Мета наведе дека тие ќе бидат недемократски без учество на опозицијата која ги бојкотира.
Албанските опозициски партии продолжија со протестите по бојкотот на изборите.
Приврзаниците на опозициската Демократска партија се собраа вчера пред кабинетот на премиерот Еди Рама и побараа негова оставка.
Опозивиските партии организираат протести од средината на февруари, обвинувајќи ја владата на социјалистите на Рама за врски со организираниот криминал и барајќи вонредни парламентарни избори.
Социјалистичката партија и нејзината влада ги отфрлаат обвинувањата.