Фото: ЕПА

Сменетиот француски премиер Франсоа Бајру денеска поднесе оставка до претседателот Емануел Макрон. Тој ќе ја извршува премиерската функција се до изборот на нов премиер.

Францускиот Парламент вчера ја разреши владата на премиерот Бајру по само девет месеци на власт. На гласањето во Националното собрание, 364 пратеници се изјаснија дека гласаа дека немаат доверба во Владата, додека само 194 и дадоа доверба.

Макрон сега може да распише предвремени избори или избор на петти премиер за помалку од две години.