Финска денеска стана членка на НАТО, во напорите на Алијансата да биде „пообедината од кога и да било“ и покрај намерите на Путин „да ги раздели Европа и НАТО“, соопшти денеска американскиот претседател Џо Бајден.
-Во мај 2022 година Финска и Шведска аплицираа за членство на НАТО. Двете земји се силни демократии со многу способни армии кои ги споделуваат нашите вредности и визии за светот – изјави Бајден.
-Помалку од една година потоа посакуваме добредојде за Финаска – најбрзата ратификација на процесот во современата историја на НАТО. Со нетрпение очекуваме и Шведска да стане членка на НАТО колку што е можно побргу и ги охрабруваме Турција и Унгарија да го завршат процесот на ратификација без одложување – повика американскиот претседател.
-Кога Путин ја започна неговата брутална војна на агресија против народот на Украина, тој мислеше дека може да ја подели Европа и НАТО. Тој погреши. Денеска сме пообединети од кога и да било, и заедно засилени од најновиот сојузник Финска – продолжуваме да ја чуваме трансатлантската безбеднст, да браниме секој сантиметар територија на НАТО и да ги надминеме секои и сите предизвици пред нас – рече Бајден.