Претседателот на САД, Џозеф Бајден, најави дека планира до крајот на февруари да го назначи наследникот на либералниот судија на Врховниот суд, Стивен Бриер, кој најави дека се пензионира. Бајден повтори дека ќе биде првиот афроамерикански судија во највисокиот суд во земјата.
– Ова е емотивен ден за мене. Денеска сум овде за да ја изразам мојата благодарност во име на нацијата на судијата Стивен Бриер за неговата извонредна кариера во јавната служба. Имам намера да ја објавам мојата одлука до крајот на февруари. Тоа ќе биде првата Афроамериканка некогаш номинирана за Врховниот суд. Тоа требаше да се направи одамна – рече Бајден, а пренесе „Гласот на Америка“.