Белата куќа се огласи на Твитер по телефонскиот разговор меѓу американскиот претседател, Џо Бајден, и рускиот претседател Владимир Путин.
– Претседателот Бајден денеска разговараше со рускиот претседател Владимир Путин и му даде до знаење дека руската инвазија на Украина ќе има брзи и тешки последици. Бајден го повика Путин да ја деескалира ситуацијата и да тргне по дипломатски пат – соопшти Белата куќа.
Покрај тоа, Бајден во разговорот со Путин повторил дека руската инвазија на Украина „ќе предизвика големи страдања“ и „ќе и наштети на позицијата на Русија во светот“.
– Американскиот претседател јасно му стави до знаење на Путин дека Америка, посветена на дипломатско решение на кризата, во координација со сојузниците и партнерите, е подеднакво подготвена и за други сценарија – се вели во соопштението на Белата куќа.
Во последниот обид да се избегне конфликт, двајцата лидери разговараа по телефон еден ден откако Вашингтон и неговите сојузници предупредија дека руските сили стационирани на границата со Украина можат да ја нападнат Украина „во секој момент“.