Автомобил синоќа налетал на паркирано теренско возило од конвојот на американскиот претседател Џо Бајден додека тој излегувал од седиштето на изборната кампања во државата Делавер.
Американскиот претседател и првата дама Џил Бајден не се повредени.
Додека Бајден се движел до оклопното теренско возило што го чекало пред седиштето, автомобил удрил во возило на тајната служба што ja затворилo блиската раскрсница.
По несреќата, автомобилот се обидел да продолжи во затворената раскрсница, но луѓето на тајната служба го опколиле и го уапсиле возачот.
Бајден набрзо бил внесен во возилото што го чекало и заедно со неговата сопруга биле однесени до резиденцијата.