Фото: Принтскрин

Сериозен инцидент се случи денеска во Лос Анџелес кога автомобил удри во 22 полицајци кои биле на обука, пренесуваат медиумите во светот.

Петмина од нив се во критична состојба, соопштија локалните власти.

Вкупно 23 лица се повредени, вклучувајќи го и возачот, изјави портпаролката на противпожарната служба на округот Лос Анџелес, Шила Келихер, пренесе АП.

– Сè уште не ја знаеме причината. Немаме никакви информации како возачот изгубил контрола – рече Келихер.

Од преостанатите, 14 лица биле полесно повредени, меѓу нив и возачот.

Инцидентот се случил во предградието Витер, каде се наоѓа полициската академија.