Фото: Принтскрин

Автомобил се заби во толпа на фестивал во Ванкувер, неколкумина загинати и повеќе повредени

Неколку лица загинаа и повеќе се повредени откако автомобил се заби во толпа луѓе на уличен фестивал во канадскиот град Ванкувер – соопшти тамошната полиција, без да го прецизира точниот број на жртви.

Возачот на автомобилот е приведен по инцидентот што се случи во близина на улицата Фрејзер и Ист 41-ва авенија – објави полицијата на социјалната мрежа „X“.

Видеата објавени на социјалните мрежи покажуваат екипи за итни случаи како брзаат кон местото на настанот, додека неколку луѓе лежат на земја со повреди.

Во врска со инцидентот, канадскиот премиер Марк Карни даде изјава, наведувајќи дека е длабоко потресен откако слушнал за „страшните настани“ на фестивалот во Ванкувер.

Градоначалникот на Ванкувер, Кен Сим, исто така рече дека е „шокиран и длабоко тажен“ од „страшниот инцидент“ на фестивалот.

Премиерот на канадската покраина Британска Колумбија, Дејвид Иби, исто така реагираше, велејќи дека е „шокиран и скршен од срце“ откако слушнал дека имало смртни случаи и повредени.