Во Австрија, поради масакрот во Грац, прогласена e тридневна национална жалост. Знамињата пред државните институции се спуштени на половина копје.
Во училиштето БОРГ во Грац, утрово се случи масовно пукање, при што загинаа најмалку девет лица, додека напаѓачот, кој изврши самоубиство, е десеттата жртва. Во масакрот повредени се најмалку 28 лица, меѓу кои ученици и наставници.
Изминатите години во Европа регистрирани се повеќе напади врз училишта и универзитети, кои не беа терористички напади. Денеска француски средношколец избоде до смрт помошник-наставник пред училиште. Напаѓачот е уапсен.
Во североисточна Словачка, во јануари 2025 година, 18-годишен маж смртно избоде средношколец и наставник.
Кон крајот на минатата година, 19-годишно момче смртно избоде седумгодишен ученик и повреди неколку други во основно училиште во Загреб.
Кон крајот на 2023 година, во студентски напад на Универзитет во Прага загинаа 14 лица, а 25 беа повредени.
Во март истата година, осум ученици и чуварот на основното училиште беа застрелани од 13-годишен ученик во Белград.