Авионoт на Доналд Трамп, поранешен претседател и кандидат за претседател на републиканците беше пренасочен синоќа и непланирано слета во Билингс, Монтана.
Според аеродромот во Билингс, авионот на таму слетал поради механички проблем. Трамп потоа се качил на приватен авион и одлетал во Бозман, каде доцна синоќа одржа митинг.
Тајната служба мораше да изврши целосна проверка на аеродромот пред авионот да слета. Приватниот авион летал до аеродромот во Вест Јелоустоун и слетал околу 16:00 часот локално време.
Митингот на Трамп се одржи во објект во кампусот на Универзитетот на државата Монтана во Бозман.
Пред да дојде овде Трамп го поддржа кандидатот за сенатор од Монтана, Тим Шихи, кој присуствуваше на настанот. Шихи е Републиканец кој го предизвикува актуелниот демократски сенатор Џон Тестер,во една од најжестоките и најскапите изборни трки за Сенатот во 2024 година.