Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж поднесе жалба до Врховниот суд на Велика Британија против одлуката на понискиот суд дека може да биде екстрадиран во САД.
Американските власти го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, бидејќи „Викиликс“ објавил голем број доверливи американски воени досиеја и дипломатски депеши, кои, како што велат, загрозувале животи.
На 10 декември САД добија жалба по барањето за негова екстрадиција пред Високиот суд во Лондон.
Судот потоа ги прифати гаранциите на САД во однос на условите на притворот на Асанж, вклучително и ветувањето дека нема да го држат во таканаречениот затвор со максимална безбедност во Колорадо, и дека може да биде префрлен во Австралија за да ја отслужи казната доколку биде осуден.
Одлука не се очекува пред втората половина на јануари. Асанж беше на чело на „Викиликс“, интернет-порталот кој ги откриваше тајните на владите ширум светот со посебен акцент на САД.