Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека украинската армија побарала да се мобилизираат уште меѓу 450.000 и 500.000 луѓе.
– Прашањето е многу чувствително. Армијата укажа на недостигот на работна сила и побара мобилизација на дополнителни 450.000 до 500.000 луѓе. Тоа е сериозна бројка – рече Зеленски на прес-конференција.
Тој додаде дека воените и владините претставници ќе разговараат за ова „чувствително прашање“, по што парламентот ќе ја разгледа дополнителната мобилизација и посочи дека за таква масовна мобилизација ќе бидат потребни дополнителни средства.
-За тоа ќе бидат потребни дополнителни 13,5 милиони долари, рече Зеленски.
Тој изјави дека „никој не знае“ кога ќе заврши војната со Русија и оцени дека Украина би можела побрзо да победи доколку продолжи да се спротивставува.
Зеленски додаде дека Украина не е блиску до пораз, наведувајќи дека претходно била во потешка позиција.