Шефот на иранската дипломатија, Абас Арагчи, денеска негираше дека во последните денови имал контакти со американскиот претставник Стив Виткоф, притоа обвинувајќи го Вашингтон за ширење дезинформации за да ја заведе јавноста и трговците со нафта.
Според Ал Џезира, Арагчи изјавил дека последната комуникација меѓу него и Виткоф била пред американските власти, како што рече, да одлучат да ги прекинат дипломатските напори со започнување „нелегален воен напад“ врз Иран.
– Секое тврдење дека сум бил во контакт со Виткоф се чини дека е насочено само кон заблуда на трговците со нафта и јавното мислење – рече Арагчи.
„Аксиос“ претходно објави, повикувајќи се на извори, дека директната комуникација меѓу Виткоф и Арагчи била активирана во последните денови, и дека фокусот на разменетите текстуални пораки бил на прекинување на конфликтот, пренесува МИА.































