Фото: Доналд Трамп/инстаграм

Апелацискиот суд ја потврди пресудата дека американскиот претседател Доналд Трамп мора да ѝ плати 83 милиони долари на американската писателка и новинарка Елизабет Џин Керол за клевета.

Во овој случај, Трамп беше осуден на првостепена постапка во јануари минатата година по обвинение дека ја клеветел новинарката која го тужеше за силување извршено во 1990-тите.

Елизабет Џин Керол моментално има 81 година. Таа беше новинарка за списанието „Ел“.

Во 2019 година, таа го обвини Трамп дека ја силувал во гардеробата на голема продавница во Њујорк во 1996 година. Трамп ги отфрли овие обвинувања и ја клеветеше новинарката, за што беше осуден.