Демонстранти во Тел Авив синоќа побараа оставка од премиерот Бенјамин Нетанјаху и прифаќање на договор за прекин на огнот со цел ослободување на заложниците кои ги држи Хамас во Газа.
Според Тајмс оф Израел, демонстрантите блокирале автопат во Тел Авив, предизвикувајќи големи сообраќајни застои. Демонстранти кои бараат враќање на заложниците блокираа повеќе различни патишта низ целата земја.
На главниот приморски пат на Израел, Рута 2, во близина на ХаБоним јужно од Хаифа, демонстрантите го запреле сообраќајот во двата правци.
На автопатот Ајалон во центарот, демонстрантите запалиле метална кафезна конструкција на која пишувало „Помош“.
Протестите се одржуваат под мотото „Или договор, или погреб“.