Поради анонимна закана за поставена бомба, утрово беа затворени двата терминала на аеродромот во Софија, јавија бугарските медиуми.
Аеродромот бил алармиран околу девет часот по локално време, но не е прецизирано за кој од двата терминали станува збор.
-Не се пронајдени опасни материи, аеродромот сега работи нормално – објавија пред малку на веб-страницата од софискиот аеродром.
Поради анонимна дојава за поставена експлозивна направа на аеродромот, се вели во информацијата, околу еден час беа евакуирани двата терминали на аеродромот.
– Во согласност со процедурата за справување со вакви ситуации и во соработка со специјализираните служби, патниците од двата терминали се евакуирани за да се изврши претрес со специјална опрема и дресирани кучиња. Не се пронајдени експлозивна направа или опасни материи, а патниците се пуштени назад во терминалите – информираат од аеродромот.