Резултатите од најновата анкета на Си-ен-ен, покажуваат дека мнозинството Американци се против одобрување дополнителна финансиска помош за Украина како поддршка поради руската инвазија, а јавноста е поделена околу тоа дали САД доволно направиле за Украина.
Според истражувањето 55 проценти од испитаниците изјавиле дека американскиот Конгрес не треба да одобри дополнителни средства за поддршка на Украина, наспроти 45 отсто, кои се „за“ продолжување на испраќањето помош.
Анкетата покажува дека 51 проценти од Американците оцениле дека САД доволно направиле за Украина, додека 48 отсто изјавиле дека треба повеќе да се направи,
Во анкетата спроведена во првите денови од руската инвазија, на 24 февруари 2022 година, 62 проценти од испитаниците изјавиле дека САД треба повеќе да направат за Киев.