Претседателот на Русија, Владимир Путин новите американски санкции ги оцени како непријателски чин, кои не придонесуваат за зајакнување на руско-американските односи.
Американскиот претседател Доналд Трамп воведе санкции за руските нафтени компании „Лукоил“ и „Роснефт“.
Путин наведе дека поради санкциите ќе има одредени загуби, но оти нема значително да влијаат врз руската економија.
Тој го коментираше и откажувањето на средбата од страна на Трамп, истакнувајќи оти американскиот претседател најверојатно мислел на пролонгирање, а не на целосно откажување.
Путин ги предупреди САД, потенцирајќи дека Русија силно ќе одговори во случај на напад со американски ракети „Томахавк“ врз руска територија.
– Доколку такво оружје се користи за напад врз руска територија, одговорот ќе биде многу силен. Да не кажам зачудувачки. Нека размислат за тоа – истакна Путин.