Фото: Пиксабеј

Претседателката на Мексико, Клаудија Шејнбаум, по денешниот разговор со претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за еден месец се одложени американските царини за мексиканските артикли.

Шејнбаум на Икс објави дека Мексико веднаш ќе ја зајакне заштитата на северната граница со САД, со 10.000 припадници на Националната гарда, со цел да се спречи илегалната трговија со дрога, пред сè фентанилот.

Овие војници ќе бидат специјално назначени да го запрат протокот на фентанил и илегални мигранти во нашата земја, објави Трамп на платформата „Трут“.

Американските царини за Мексико требаа да стапат во сила утре, кога почнува примената и на царините за Кина и Канада.