US Senate
Фото: ЕПА

Подеднакво поделениот американски Сенат го отфрли најновиот обид на претседателот Доналд Трамп да укине низа царини, неколку часа откако федералната влада соопшти дека економијата се намалила за прв пат по три години поради хаосот на царинскиот режим.

Мерката не беше усвоена откако глазањето заврши со 49 гласа „за“ и 49 „против“, при што тројца републиканци „раскинаа“ со Трамп и гласаа за неа.

Тројца републикански сенатори – Ренд Пол од Кентаки, Сузан Колинс од Мејн и Лиза Мурковски од Алјаска – гласаа за мерката, што претставува еден вид на редок прекор до Трамп од рамките на неговата партија, заедно со сите присутни демократи и независни пратеници.

– Сенатот на Соединетите Американски Држави не може да биде неактивен набљудувач во тарифната лудост“, рече демократскиот сенатор Рон Вајден, кој го претставува Орегон.

– Конгресот има моќ да одредува тарифи и да ја регулира глобалната трговија. – додаде тој.

Резолуцијата беше широко прифатена како симболичен гест бидејќи беше малку веројатно дека ќе добие поддршка во Претставничкиот дом контролиран од републиканците и на крајот ќе биде предмет на вето од Трамп.