Американската тајна служба застрела вооружен маж од Индијана, кој се наоѓаше на еден блок од Белата куќа, рано утринава, откако локалните полициски власти ја известија агенцијата за „човек со самоубиствена намера“ – соопшти агенцијата.
– Агентите на тајната служба беа вклучени во пукање по вооружена средба со лице од интерес веднаш по полноќ на 9 март – потврди портпаролот на Тајната служба, Ентони Џулиелми, на платформата X.
Како што пренесува „Њујорк пост“, федералните агенти го забележале автомобилот на човекот паркиран во близина на раскрсницата на улиците 17. и Ф, до зградата на извршната канцеларија на Ајзенхауер, еден блок западно од западното крило на Белата куќа.
Неидентификуваниот маж тргнал кон познатата авенија Пенсилванија, каде што агентите на Тајната служба го пронашле веднаш по полноќ.
Дошло до „вооружена пресметка“ кога мажот извадил огнено оружје.
Агентите на тајната служба биле принудени да отворат оган врз мажот, кој потоа бил пренесен во локална болница во непозната состојба – соопшти агенцијата.
Никој од членовите на Тајната служба не е повреден, се вели во соопштението на агенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот на пукањето престојувал на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.
Се верува дека мажот, за кој се вели дека бил со самоубиствена намера, допатувал од Индијана до главниот град во саботата, поради што локалната полиција ја известила Тајната служба.
Засега не се знае кои биле неговите мотиви, ниту дали имал намера да направи нешто.