Американската армија собори ирански дрон во североисточниот дел на Сирија, соопшти денеска Централната команда на вооружените сили на САД.
Во соопштението се наведува дека иранскиот дрон е соборен откако надлетал над американската база во Коноко. Во близина на американската база се лоцирани милициите од Иран, како и на борците на Исламската држава, кои се поразени во Сирија во март 2019 година.
Во северна, јужна и источна Сирија стационирани се околу 900 американски војници, кои соработуваат со Сириските демократски сили предводени од Курдите во борбата против милитантите на ИД.