Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун изјави дека неговата земја поседува голема моќ и оти ќе ја употреби цела сила во случај да биде нападната.
– Доколку непријателите се обидат да употребат сила против нашата земја, ние ќе донесеме храбра одлука. Нема да се двоумиме ни секунда и ќе ја промениме историјата. Ќе ја искористиме цела наша воена моќ, и таа е голема, за да го збришеме непријателот од Земјата – истакна Ким при посетата на Министерство за одбрана по повод годишнината на севернокорејската армија.
Тој не ги именува непријателите на Пјонгјанг, но Јужна Кореја ја означи како непријател број еден.
– Уште еднаш повторувам, никогаш нема да водиме дијалог и преговори со Јужна Кореја – посочи Ким.