Акционерите во американскиот гигант за социјални медиуми „Твитер“ речиси едногласно го одобрија претходно склучениот договор со Илон Маск за купување на компанијата, јави ДПА.
Првично, Маск се согласи во април да го купи Твитер за 44 милијарди долари, а вредноста на неговите акции во моментов е проценета на 32 милијарди долари. Тој се повлече од договорот во јули, тврдејќи дека Твитер не ги исполнил условите.
Според адвокатскиот тим на Маск, Твитер соодветно не му обезбедил на купувачот информации што ги поткрепуваат тврдењата на социјалната платформа оти само пет отсто од нејзините дневно активни корисници, кои може да заработуваат на неа, биле спам.
„Твитер“ веќе го тужеше Маск во обид да го принуди да го доврши купувањето на компанијата по договорената сума.