Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го става персоналот во Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) низ светот на „административно отсуство“, освен оние кои се сметаат за неопходни, јавија американските медиуми.

Според известувањето објавено на интернет синоќа, вработените имаат 30 дена да се вратат во САД.

Илјадници вработени во УСАИД веќе се отпуштени, а програмите ширум светот се затворени откако претседателот Доналд Трамп наметна огромно замрзнување на странската помош по преземањето на функцијата.

Одделот за владина ефикасност на Илон Маск, кој има за цел да го намали буџетот, ја затвори веб-страницата на УСАИД во текот на викендот. Веб-страницата продолжи со работа доцна синоќа, а единствената публикација на неа беше тоа известување.

Одлуката директно да се повлечат вработените и нивните семејства порано од нивното планирано заминување, најверојатно ќе ја чини владата десетици милиони долари патни трошоци и трошоци за преместување, наведуваат американските мдиуми.