Западните земји мора да прифатат дека Украина не може да се приклучи на НАТО и дека дискусиите за промена на нејзината територија ќе бидат неопходни за да се постигне напредок за завршување на војната, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо.
– Првиот основен предуслов за завршување на конфликтот е да се разбере дека Украина не може да стане членка на НАТО. Подеднакво важно е и фактичкото разбирање дека без дискусија за територијални промени во Украина не можеме да продолжиме напред – рече Фицо по состанокот на лидерите на ЕУ.