Американскиот државен секретар, Мајк Помпео изјави дека насилството во Авганистан не е прифатливо.
– Знаеме дека патот пред нас ќе биде тежок. Го очекувавме тоа и бевме во право – изјави Помпео пред новинарите во Стејт департментот, пренесе „АП“.
Ескалацијата на насилството во некои делови на Авганистан во последните неколку дена е неприфатлива, оцени Помпео, додавајќи дека насилството мора недвосмислено да се намали за да почне мировниот процес.
Помалку од 24 часа откако американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека имал многу добар разговор со талибанскиот лидер и инсистирал на тоа дека екстремистите сакаат да го прекинат насилството, американски воен дрон изведе напад врз групата како одмазда за напад на авганистанските сили.