Полицијата во Њуарк, Њу Џерси, приведе пет лица, меѓу кои и едно 14-годишно момче, кое се осомничени дека убил еден полицаец и ранил друг – соопштија денеска локалните власти.
– Немаше ни шанса да излезе од возилото пред да биде убиен – изјави Емануел Миранда, директор за јавна безбедност во Њуарк.
Вториот полицаец, кој не е идентификуван, е хоспитализиран со повреди кои не се опасни по живот – соопштија властите.
Властите не го открија идентитетот на 14-годишниот осомничен, ниту на преостанатите четири лица во притвор.