Поранешниот шеф на Федералното биро за истраги (ФБИ), Ендрју Мекејб смета дека американскиот претседател Доналд Трамп е руски сојузник.
Мекејб тоа го изјави во емисија на Си-Ен-Ен.
– Мислам дека е можно. Мислам дека тоа е причината зошто ја почнавме нашата истрага. Многу сум загрижен околу тоа како ќе заврши истрагата, рече Меккејб, одговарајќи на прашањето на водителот Андерсон Купер дали се уште верува дека претседателот Трамп е руски сојузник.
Советничката на Белата куќа, Келиен Конвеј изјави дека Мекејб е лажго.
Меккејб, кој беше критикуван од американскиот претседател поради наводна наклонетост кон неговата соперничка на изборите во 2016 година Хилари Клинтон, кон крајот на јануари минатата година отстапи од местото шеф на ФБИ. Остана да работи во полиција, но беше отпуштен неколку месеци подоцна.
– ФБИ од секој вработен очекува да се придржува на нашите норми – искреност, чесност и одговорност, изјави тогаш министерот за правда Џеф Сешонс.
Претседателот Трамп на Твитер изрази задоволство од отпуштањето на Мекејб.
– Ендрју Мекејб е отпуштен, тоа е голем ден за мажите и жените во ФБИ кои работат напорно – голем ден за демократијата, напиша Трамп.