Актерот Џон Малкович ги загубил своите животни заштеди со шемата на озлогласениот финансиер Мадоф, кој измами илјадници инвеститори за околу 64,8 милијарди американски долари во таканаречената „Понзи“ шема и подоцна беше осуден на 150 години затвор.
Малкович откри дека тој и неговата долгогодишна партнерка Николет Пејран морале да направат големи промени во начинот на живеење, и тој морал да прифати што повеќе улоги во разни филмови за повторно да станат финансиски безбедни.
Во интервју за британски „Гардијан“, актерот вели: Нашиот тогашен бизнис менаџер инвстираше речиси сè што имавме во компанија на некој финансиер Берни Мадоф. Сè што некогаш сум створил го снема.
„Видов слика на Берни Мадоф со лисици на рацете и реков: Одам долу да земам пакет цигари. Мислам дека имаме мал проблем со Мадоф.“
На прашањето колку пари изгубил, тој додаде: „О, не знам. Многу. Го сменивме стилот на живеење и трошење.
„Морав да работам цело време. Престанав да давам пари за многу работи – за бизнис, за забава, за семејството, за пријателите. Претходно трошевме многу пари за продуцирање на филмови. И тоа запре.“
Бернард Лоренс „Берни“ Мадоф е американски финансиер кој ја направи најголема финансиска измама во историјата на САД. Во период од 17 години, можеби и подолго, тој измами илјадници инвеститори за десетици милијарди долари. Исплаќал висока месечна камата на клиентите со нови инвестиции во неговата компанија, користејќи ги парите од другите клиенти. Тој исто така беше и пионер во електронското тргување и претседател на „Насдак“ берзата во раните 90-ти.