Британскиот премиер Борис Џонсон вети дека ќе ја искористи петнеделната парламентарна суспензија за да го обезбеди излегувањето на Велика Британија од Европската Унија на 31 октомври, со или без договор.
       
-Мислам дека има голем број луѓе кои навистина сакаат ова да се случи, а тоа го вклучува и британскиот народ, како и луѓето од Брисел и нашите пријатели и партнери ширум ЕУ. Тие сакаат процесот на напуштање на ЕУ да продолжи. Брегзит се одолговлекува веќе три години – изјави Џонсон за Би-би-си.
        
Пратениците од опозицијата во понеделникот го отфрлија предлогот на Џонсон за распишување предвремени избори.