Британскиот премиер Борис Џонсон им порача на лидерите на Европската Унија дека ќе разговара за брегзит кога ќе покажат дека се подготвени да ја сменат својата позиција за договорот за излез на Британија од ЕУ, а во спротивно земјата ќе го напушти европскиот блок без никаков договор, изјави портпаролката на Џонсон.
– Премиерот е подготвен да седне и да разговара кога ќе се промени позицијата – изјави портпаролката, пренесува „Ројтерс“.
Џонсон претходно изјави дека ЕУ мора да се откаже од заштитниот механизам, што би значело дека Северна Ирска останува во царинска унија со Британија ако не се пронајдат други решенија.
Џонсон смета дека заштитниот механизам е недемократска мерка и дека мора да се повлече доколку Европската Унија сака да постигне договор за брегзит.