Шефот на британската дипломатија Борис Џонсон предупреди дека е можен „неуспех“ на Брегзитот, оценувајќи дека премиерката Тереза Меј сега „ќе влезе во фаза во која ќе мора да се однесува поагресивно кон Брисел“.
– Треба да прифатите дека сега работата може да пропадне. О-Кеј? Не сакам никого да го фати паника, ако се случи тоа. Без паника… На крајот сепак се ќе се реши – изјавил Џонсон на приватна вечера организирана од конзервативна лоби група.
Како што тврди БазФид, Џонсон нагласил дека Брегзитот е „неповратен процес“, но дека сепак „можеби нема да биде таков, како што сакаа“ заговорниците на истапувањето на Велика Британија од ЕУ.
Тој истакнал дека постои голем ризик Велика Британија да прифати договор со кој ќе премине многу од „црвените линии“ на заговорниците на бескомпромисен Брегзит, меѓу кои се посочил и тој самиот.
Според Џонсон, договорот би можел да ја задржи Велика Британија во „орбитата околу ЕУ, во царинската унија и во голема мерка и на заедничкиот пазар“.
– Ако немате храброст да водите независна политика, никогаш нема да ги добиете економските придобивки од Брегзитот. Никогаш нема да имате политичка корист од Бергзитот, порачал, според БузФид, Џонсон.