Европската комисија (ЕК) е отворена за разговори со британскиот премиер Борис Џонсон за да се избегне тврд брегзит, кој би предизвикал значителна економска штета, изјави портпаролката на извршната власт на ЕУ.
Сепак, таа повтори дека веќе е постигнат договор со Велика Британија за одредбите за нејзино повлекување од ЕУ и дека тој договор не е предмет на нови преговори.
– Ние сме отворени да разговараме за политичката декларација – рече портпаролката на комисијата, Мина Андреева на брифинг за новинарите.
Од друга страна, британскиот премиер Борис Џонсон најави дека нема намера да отвори нови преговори за креирање на нов договор за брегзит и излегување на Велика Британија од Унијата без договор е неговото „централно сценарио“, објави „Гардијан“.