Поранешниот американски претседател Џими Картер е хоспитализиран во Атланта заради крвавење во мозокот, што го предизвикало и неговото скорешно паѓање. Центарот Картер соопшти дека на поранешниот американски претседател ќе му биде извршена операција за да се олесни притисокот врз мозокот предизвикан од крварење по неодамнешните паѓања
– Претседателот Картер се одмора, а неговата сопруга Розалин е со него – велат од болницата.
Картер (95) пред три недели беше примен во универзитетската болница во Емори, откако претрпел лесна фрактура при пад во својот дом во Пленс, во сојузната држава Џорџија. Тој беше пуштен од болница неколку дена потоа. Поранешниот претседател во мај, исто така, во својот дом, ја скрши карлицата, по што мораше да биде опериран. Во 2017 година тој кусо време беше примен во болница заради дехидратација, додека во 2015 година му беше дијагностициран рак на кожата.
Картер беше 39-ти претседател на САД со еден мандат од 1977 до 1981 година.