Џеф Безос објави дека тој и неговиот брат Марк Безос ќе летаат во вселената следниот месец.
– Од петгодишна возраст сонував да патувам во вселената. Ќе одам на тоа патување со мојот брат на 20 јули – објави денеска Безос на Инстаграм.
Браќата ќе го извршат првиот лет на човекот со вселенското летало „Њу Шепард“, направен од компанијата за истражување на вселената на Безос, „Блу Ориџин“.
Вселенскиот брод Нов Шепард, односно ракетата што ја носи капсулата до работ на вселената, изврши повеќе од десет успешни пробни летови без патници.
Ракетата и капсулата се дизајнирани така што можат да пренесат шест патници на надморска височина од над 100 километри.
Датумот 20 јули се совпаѓа со прославата на 52-годишнината од слетувањето на мисијата „Аполо 11“ на површината на Месечината.